Жителите на Вухан, градот во Кина во кој беше регистриран првиот случај на новиот коронавирус и кој беше изолиран 76 дена, полека почнуваат да се враќаат во нормала.
Двојките кои ги имале закажано свадбите, но и оние кои успеале да останат заедно и по изолацијата, решија овој момент да го прослават и да се венчаат, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Според официјалните податоци, барањата за венчавки се зголемиле за 300% во однос на истиот период во претходната година.
Властите во Вухан официјално минатиот петок ја отвориле матичната служба за венчање, но првата венчавка е направена на почетокот на оваа недела. Сепак, како што наведуваат тие, по долгото време во изолација, покрај растот на венчавките, тие очекуваат да дојде и до пораст на разводите.