Месечен хороскоп за април

Овен

Овој месец ве очекува динамичен период во кој ќе преовладуваат инцидентите и стресот. Но ќе имате сила и авторитет да се справите со сите проблеми. Доколку работите систематски, а не набрзина, тогаш ве очекуваат и неколку успеси во овој месец. Април ветува добра заработка. Ќе имате многу енергија, особено во првите две недели од април. Можни се и чувства на истоштеност поради прекумерно работење. Во љубовта воопшто нема да ви биде здодевно. Односот со партнерот ќе биде пострасен. Ако не сте во врска, овој месец ве очекува бурен период кој можеби на крајот на месецот ќе резултира со врска.

Бик

Нешто едноставно нема да ви оди како што треба. Дури и да сте успешни, само неколку луѓе ќе го забележат вашиот труд и стресот што го претрпувате. Ќе се чувствува многу напнатост на работа, а односите со колегите нема да ви бидат баш најдобри. Иако ќе постои финансиски притисок, парите ќе најдат начин да стигнат до вас. Месецов не треба да го запоставувате здравјетп. Бидете претпазливи и доколку чувствувате дека нешто не е како што треба, веднаш посетете лекар. Работата и обврските ќе имаат важно влијание во љубовта. Ќе бидете премногу зафатени, па со тоа ќе ја изгубите желбата за задоволство и забава.

Близнаци

Овој месец секој ваш вложен напор ќе донесе многу нови успеси. Колегите на работа ќе ви доделуваат комплименти за постигнатото, а вас тоа ќе ви донесе добро расположение и насмевка на лицето. Во последната недела од месецот ќе имате можност да започнете нов проект. Во исто време ќе се чувствувате како енергијата да ви опаднала, па затоа ќе ви треба повеќе одмор. Одете на часови по пилатес или аеробик. Желбата за секс за една вечер или за авантура ќе можете да си ја остварите токму овој месец.

Рак

Април ќе биде добар месец за кариерата. Може да ви се случат промени на работа кои веќе сте ги очекувале. Посветете посебно внимание на прашања поврзани со имот или наследство. Во оваа област може да се соочите со конфликти. Ова ќе биде турбулентен период за вас, бидејќи сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење. Многу е веројатна понудата за брак од вашиот долгогодишен партнер. За оние кои не се во врска препорачливо е да отпатуваат неколку дена, каде ќе доживеат незаборавна авантура.

Лав

Вашите таленти ќе придонесат да бидете унапредени на работа. За сега работата ви оди толку добро што нема потреба од каков било стрес. Тие што вложиле во инвестиции може да заработат. Вашето здравје значително ќе се подобри во однос на минатиот месец. Ќе имате повеќе енергија и елан, а нервозата секојдневно ќе се намалува. Заштитете се себеси од стрес, бидејќи стресот може да резултира со инциденти. Можна е љубомора. Наместо да бидете љубоморни, истражувајте што најмногу сака партнерот и приредете му изненадување. Ако не сте во врска, повеќе среќа ќе ве очекува наредниот месец.

Девица

Ова не е вистинско време за самостојни проекти, затоа фокусирајте се на тимската работа. Колку повеќе луѓе се вклучени во проектот, толку подобро. Бидете внимателни, април може да ви донесе и финансиски ризици. Размислете убаво пред да донесете одлука која вклучува пари. Редовно одете на рутински преглед кај заболекар. Април е вашиот месец на љубовта. Шармот што го поседувате ќе го забележи личност која може да ви стане важна во животот. Оние што се во врска ги очекуваат долги, романтични вечери со партнерот.

Вага

Ова ќе биде месец на успеси и  финансиски профит. Ако имате заостанати долгови од минатите месеци, сега ќе имате можност да ги исплатите. Здравјето секогаш треба да ви биде приоритет, без разлика колку сте зафатени. Стресот може да влијае на вашето здравје, па почнете да вежбате јога која ќе ви донесе внатрешен мир. Доколку не сакате да бидете со вашиот партнер, едноставно кажете му го тоа. Не измачувајте се пронаоѓајќи ги вашите грешки. Единствена грешка ќе ви биде да останете во врска која порано или подоцна ќе пропадне. Фокусирајте се на нешто ново, што повторно ќе ги побуди вашите страсти.

Скорпија

Ова ќе биде еден активен месец, со многу одговорност, но и задоволства. Оваа комбинација може да ви донесе неколку промени во работата, поврзани со околината и атмосферата во која работите. Држете се подалеку од колегите кои ви завидуваат. Вашата финансиска состојба ќе биде добра месецов, но тоа не значи дека треба да трошите многу пари. Избегнувајте ги алкохолот, цигарите и кафето. Прекумерно внесување на овие работи во организмот може да штети на вашето тело. Флертот и авантурата ќе бидат на врвот на вашата листа за месецов. Последната недела од месецот ве очекува изненадување кое веќе подолго време ви го подготвува партнерот.

Стрелец

Ова е месец за нови креативности. Ќе имате генијални идеи во врска со нови проекти, но внимавајте со кои личности ќе ги споделите идеите. На крајот од месецот ќе ви се отвори можност да инвестирате во нова куќа. Во првите две недели од април вашето здравје ќе биде во најдобар ред, но работите ќе се сменат во наредните недели кога ќе имате сезонска настинка. Внесувајте повеќе течности и хранете се здраво. Желбата за авантура ќе ви донесе неколку нови познанства и задоволства. Април ќе ви донесе уникатни моменти и огромни изненадувања. Никогаш не се знае кога среќата ќе ви се насмевне.

Јарец

Подгответе се добро, бидејќи ова ќе ви биде најстресниот месец за 2018 година, од финансиски апект. Конфронтациите со вашите надредени ќе зачестат, а вие ќе се чувствувате како умот да не ви е тука. Социјалниот живот може да ви ги подобри работите, па наместо да очајувате, подгответе се и излезете. Време е за одмор. Оставете ги проблемите на страна. Доколку продолжите да живеете со вакво брзо темпо, вашето здравје ќе трпи последици. За оние кои се во врска, љубовта месецов повеќе ќе им се одвива преку телефон. Оние што се сингл наскоро ќе паднат во ново искушение.

Водолија

Април ќе ви помогне да напредувате во кариерата. Очекувајте зголемување на приходот или други материјални предности. Зад секој успех стои многу вложен труд, па овој месец ќе ви донесе и нови грижи. Парите вложете ги во нешто корисно, не трошете ги на мали работи. Бидете внимателни кога патувате, можна е мала несреќа. Искористете ги деновите до 5 април за да започнете нова врска. Забавувајте се и бидете свои. На луѓето ќе им се допаднете онакви какви што сте.

Риби

Финансиската ситуација засега е солидна. Тоа не значи дека така ќе остане цел месец, па потрудете се да вложувате повеќе труд во сработеното. На крајот од месецот ќе претрпите финансиска загуба поради невнимание. Вие сте вистински гурман и обожавате да готвите, но исто така треба и да вежбате! Ако сте премногу мрзливи да трчате или да одите во теретана, тогаш правете по неколку вежби дома. Ќе имате можност да уживате во прекрасните денови кои ве очекуваат. Обидете се да ја зачините вашата врска пробувајќи нешто ново. Одете на место каде што не сте биле.

 

Scroll to Top