Месечен хороскоп за јуни: Љубовни авантури за девицата, стрелецот ќе шири позитивна енергија

Овен

Овој месец ќе имате потреба за поголема приватност и за поблизок контакт со природата. Многу е веројатно дека ќе почнете да работите од дома. Јуни ќе биде добар месец за поправање работи дома или за повторно преговарање на некој договор за закуп. Финансиската состојба ќе ви биде добра и стабилна. Месецов ќе бидете весели и оптимистични, но ќе чувствувате и потреба за мир и хармонија. Релаксирајте се со читање книга, прошетки и пријатни разговори со најблиските. Планетата Марс, која ќе биде лоцирана во куќата на паровите во Овен, ќе ви помогне работите да се одвиваат онака како што вие сакате. Последната недела од јуни ќе ви донесе среќни и релаксирачки моменти, како и еден важен состанок.

Бик

Ова е месец во кој ќе работите макотрпно, но со задоволство. Вашиот професионален живот ќе биде динамичен, а соработката со вашите колеги ќе ви оди одлично. Иако ќе бидете материјално наградени за вашиот труд, сепак добро би ви било парите да ги заштедите за летниот одмор. Планетата Венера ќе ви донесе оптимизам и добро расположение во првите две недели од јуни. Ова, дефинитивно, ќе биде месецот кога вашата убавина ќе биде најизразена. Во последната недела од месецот препорачливо ви е да бидете внимателни бидејќи постои можност за мала настинка. Венера, планетата на сензуалност и хармонијата, ќе биде лоцирана во бик сѐ до 23 јуни. Нејзиното присуство ќе резултира со многубројни бенефиции во вашиот љубовен живот. Во овој период ќе изгледате попривлечно и ќе добивате многу покани за состаноци.

Близнаци

Сонцето овој месец ќе биде лоцирано во близнаци и традиционално ќе ви донесе успех. Вашиот авторитет ќе се зацврсти, а вашата самодоверба ќе се зголеми и ќе имате сѐ што ви е потреебно за да почнете нови проекти. Од друга страна, треба да бидете внимателни со парите и да избегнувате какви било трансакции. Ќе се чувствувате многу енергично и позитивно, особено во првите две недели од јуни. Можни се и чувства на истоштеност поради прекумерно работење. Сензуалноста ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер или за авантура ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте со кој ќе бидете бидејќи може да ви се случат несакани последици.

Рак

Првите две недели од овој месец ќе ви бидат поволни за градење стратегии и за анализи на работното место. Во последната недела од јуни можно е да се соочите со мала финансиска загуба. Но, до крајот на месецот повеќето работи би требало да се решат. Ова нема да биде многу пријатен месец за вас кога се работи за здравјето. Ќе се чувствувате постојано како да сте отсутни, а вашата концентрација нема да биде на ниво. Бидете внимателни на 12 и 13 јуни бидејќи тогаш е затемнувањето на Месечината. Овој месец планетата Венера ќе шири шарм во 11. куќа на рак. Вашиот социјален живот ќе биде на највисоко ниво, а ќе присуствувате и на повеќе важни настани, каде што ќе имате можност да запознаете неколку луѓе што ќе ви се допаднат. На крајот од месецот можно е некој ваш пријател да ви изјави љубов.

Лав

Надредените ќе ве наградат за вашата одговорност и посветеност на работата. Овој месец најуспешни ќе бидете во тимската работа. Тоа ќе ви биде вашата можност да ги покажете своите квалитети и да се докажете како лидер. Кога се работи за финансиите, морате да бидете внимателни. Јуни може да биде доста турбулентен период за вас бидејќи вие сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење. Венера, планетата на љубовта, ќе биде во многу моќна позиција овој месец, што значи дека ве очекува сензуалност и хармонија, а уште долго ќе ги паметите случувањата што ќе го одбележат овој месец бидејќи многу е веројатна понудата за брак од вашиот долгогодишен партнер. За оние што не се во врска, препорачливо е да отпатуваат неколку дена, каде што ќе доживеат незаборавна авантура.

Девица

Сонцето ќе влезе во куќата на кариерата, а тоа ви ветува шанса за успех и добра заработка. Сѐ ќе се одвива онака како што вие сакате, така што не треба да се грижите. Најдобро ќе ви оди тимската работа, па можете да почнете со некоја групна активност. Ризикот од настинки ќе биде значително намален во однос на минатиот месец, но, сепак, бидете внимателни. Можно е да се соочите со хроничен замор. Ова ќе биде месец во кој ќе бидете во потрага по авантура. Добро би ви дошло патување со партнерот на крајот од месецот, а доколку не сте во врска, отпатувајте со некој пријател, па дури и сами, среќата секако ќе ви се насмевне кога станува збор за љубовта. Во првата недела од јуни ќе се чувствувате како да сте осамени, па затоа ќе барате некој личност што ќе ве развесели.

Вага

Во првите две недели од јуни ќе имате можност да се покажете колку сте добри во она што го работите. Не пропуштајте ја шансата бидејќи тоа може да ви донесе покачување на платата. Помеѓу 7 и 17 јуни Меркур ќе биде влезен во куќата на кариерата, па тоа може да ви донесе мали проблеми со финансиите. Овој месец треба да бидете многу внимателни кога се работи за вашето здравје бидејќи ќе чувствувате замор и намалување на виталните знаци. Бидете смирени и штитете се од стресни работи. Сѐ до 23 јуни Венера нема да биде во добра позиција за вагите. Овој период може да ви донесе проблеми во врската. Но, веќе наредната недела работите ќе се вратат на своето место, така што можете да здивнете. Доколку не сте во врска, искористете го вашиот шарм и личноста што ви се допаѓа може да ве покани на состанок.

Скорпија

Ова ќе биде месец во кој ќе можете да направите некои промени што ќе ви бидат потебни. Положбата на Марс и Уран може да ви донесе мали неуспеси на професионално поле. Во последната недела од јуни работите теба да се сменат, а финансиите ќе ви се зголемат, па многу е веројатно да инвестирате во нешто. Со положбата на Марс и Уран вашата здравствена состојба не изгледа добро. Може да почувствувате нагли промени што ќе ви донесат тешкотии. Сѐ до 23 јуни положбата на Венера ќе биде во куќата на љубовните врски, а тоа ќе ви донесе топлина и нежност на љубовно поле. Ова ќе биде период во кој ќе се чувствувате сигурни и цврсти како никогаш. Жедта за љубов ќе ви биде голема, што дополнително докажува дека сте емоционални.

Стрелец

Овој месец ќе бидете фокусирани на соработката, што ќе ви донесе дополнителна соработка. Што и да правите, тоа ќе го правите заедно со вашите колеги. На крајот на јуни можни се шанси за нови договори. Финансиската состојба ќе ви биде деликатна до 17 јуни, внимавајте. Со Венера, која ќе биде лоцирана во куќата на здравјето, вашата здравствена состојба ќе биде задоволителна. Ќе бидете преокупирани со негата на телото, диети и други третмани што се поврзани со убавина. Сонцето овој месец ќе биде лоцирано во куќата на паровите, а тоа ќе ви донесе дополнителна позитивна енергија. Партнерот ќе ви биде најважната личност на светот за вас, а тоа ќе ви ја зацврсти врската. По 7 јуни, Меркур ќе биде во спротивна насока од куќата на паровите, што значи дека некои стари проблеми може повторно да бидат точка на дискусија.

Јарец

Јуни ќе ви биде доста активен месец кога се однесува на професионално поле. Во првите две недели од овој месец ќе имате повеќе авторитет и ќе биде подобро ќе ги користите вашите лични вештини. Вторите две недели ќе се посветите повеќе на соработката и партнерството. Препорачливо ви е да одите на рутински преглед кај лекар бидејќи Меркур ќе биде во спротивна локација на здравјето. Не мислете се многу, доколку се двоумите, побарајте второ мислење. Под топлите зраци на Венера, која ќе биде во куќата на љубовта овој месец, во текот на целиот месец ќе чувствувате сензуалност и позитивни вибрации. Можно е некои денови да се чувствувате запоставено, но главно планетата на љубовта ќе ви донесе многу незаборавни моменти.

Водолија

Oвој месец Сонцето ќе ја шири својата позитивна енергија, а вашите таленти ќе дојдат до израз. Исто така, ќе имате голем капацитет за искажување на вашата креативност. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можни се мали проблеми во финансиите. Ќе имате многу енергија, но тоа не ви гарантира добро здравје. Овој месец имате предиспозиции за стресни и ризични несреќи. Бидете внимателни додека возите! Сонцето ќе премине во куќата на љубовта и задоволствата во првите две недели од овој месец. Тоа ќе биде период на флертувања и романтични афери и секако еротски искуства. Но, не мешајте ги премногу работите, особено во првиот дел од месецот.

Риби

Во втората недела од јуни можно е да се соочите со проблеми во финансиите. Но, како и да е, по кратко време ќе изнајдете решение за проблемите. Важните одлуки на професионален план одложете ги за крајот на месецот. Речиси во текот на целиот месец ќе бидете расеани и ќе ви недостига концентрација, а тоа може да ве доведе до стресни ситуации. Венера ќе помине низ третата куќа на риби, а тоа ќе ве охрабри да си го отворите срцето. Ова ќе биде месец на искажување на емоциите и сентиментални разговори или љубовни изјавувања. За оние што се во врска, ова ќе биде поволен месец за повторно да ја разбудат еротиката во врската. А доколку не сте во врска, ќе имате многу динамичен период кон крајот на месецот.

Scroll to Top