Моден водич: Очила за сонце кои морате да ги имате наредната сезона

Трендот на мали наочари конечно е завршен!

Многу дами не го сакаа трендот на ситни очила за сонце кои беа инспирирани од стил на 90-тите (сетете се на филмот „Матрикс“), а во наредната сезона конечно ќе бидат „симнати“ од тронот на трендовите. Наместо нив, ни доаѓаат моделите кои со својот модерен дизајн ќе ја унапредат секоја ваша стајлинг комбинација и истовремено ќе ја акцентираат.

Во продолжение, откријте за какви наочари за сонце се работи…

Шик четвртасти наочари

Воочливи и помалку остри, овие тренди очила за сонце ќе направат да изгледате како ѕвезда каде и да се појавите. Лесно се вклопуваат во секаков стил, а поради едноставната црна боја можете да ги носите со сѐ – од плажа до некој настан.

Инспирирани од стилот на 90-тите

Доколку не сте љубител на предимензионалните „XL“ наочари и сепак сте на страната на поситните рамки, тогаш ќе ви се допадне овој модел од 90-тите кој повторно се враќа во мода. Нешто измеѓу четвртастите и овалните, овој облик ќе ги истакне вашите јаготки и ќе го направи вашиот изглед помодерен.

Унапредени авијаторки

Авијаторките имаат класичен американски стил, но наредната сезона добиваат малку промена во дизајнот. Новиот дизајн им дава предимензионален облик кој станува фокус на целокупниот изглед.

„Tortoiseshells” мотив

Овој мотив секоја година се враќа во нов облик, а наредната не е исклучок. Во било кој облик, оваа шара секогаш доаѓа до израз и секогаш вистински моден класик меѓу додатоците.

Мачкести

Мачкестиот облик на рамката отсекогаш е во мода и не постои дама која не ги сака или која никогаш не ги пробала. За наредната пролет, пристига во округол облик кој сигурно ќе ви се допадне затоа што е уникатен.

Scroll to Top