Моника Левински напиша есеј во модниот магазин „Венити фер“ . Кога 1998 година во јавноста излезе аферата со тогашниот претседател на САД Бил Клинтон, беа тоа, без сомнеж, најмрачните денови во нејзиниот живот. Денес, 20 години подоцна, Моника е посилна и поуспешна. По аферата, во Калифорнија дизајнирала чанти и промовирала препарати за слабеење, а во 2005 години се отселила во Англија каде што завршила психологија. Денес е активистка, предава на факултет и повеќе не сака да биде жртва.
Моника (44) признала дека страдала од посттрауматски стрес, а мисли и дека во тек на истрагата се случила злоупотреба на власта. Дури и и главниот обвинител на истрагата ја преминал границата на добриот вкус за време на нивната средба на божикната вечера.
„Ми ја допираше раката. Ми беше многу непријатно“, признала Левински.
Откако излезе приказната за холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, против кого се покренати над 80 обвиненија за сексуално вознемирување, почнала да добива пораки за поддршка.
„Ми стана полесно. Знаев дека не сум сама во оваа борба“, изјавила Моника.
Додека сопругата и јавноста му простија на Клинтон, таа морала многу години да се носи со последиците.Таа авантура ѝ ја обележа кариерата бидејќи по тоа никој не сакал да ја вработи.