Најстариот маж на светот Сатурнино де ла Фуенте Гарсија почина синоќа на 112 години и 341 ден. Тој починал во својот дом во Леон, град во северозападна Шпанија, објави државната новинска агенција ЕФЕ.
Лани во септември Гинисовата книга на рекорди го прогласи Де ла Фуенте за најстар човек на светот, пренесува „New York Post“.
Гарсија е роден во селото Пуенте Кастро во Леон на 11 февруари 1909 година. Зад себе остави седум ќерки, 14 внуци и 22 правнуци. Уште на 13 години почнал да работи во фабрика. Ја преживеал епидемијата на шпански грип што избувна во 1918 година и успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година поради тоа што бил висок само метар и пол. По што почнал да работи како чевлар, наведува ЕФЕ.
Тој ќе биде погребан на локалните гробишта во среда, соопшти агенцијата.