Телевизиската серија „Вовед во анатомија“ сè уште има што да понуди. Еј-би-си објави дека лекарската ТВ-драма ќе се врати и со 18. сезона. „Станица 19“, чија приказна се испреплетува со „Вовед во анатомија“, исто така ќе се врати – со својата петта сезона. „Станица 19“ и „Вовед во анатомија“ завршија одлична работа во чест на нашите херои од вистинскиот живот раскажувајќи ѝ ја на публиката една од најголемите лекарски приказни во нашето време, соопшти претседателот на „Хулу оригиналс“ и Еј-би-си, Крег Ервиќ. Според продукцијата, „Вовед во анатомија“ била омилена меѓу населението на возраст од 18 до 49 години во телевизиската сезонa.
Најавена и 18. сезона на „Вовед во анатомија“
