Најголемиот измамник во историјата, на една лага заработил милиони

By

Грегор Мекгрегор, поранешен војник и авантурист, во 1820 година успеал да се избори за големо парче земја во Средна Америка, земја каде денес се наоѓа Хондурас. Мекгрегор својата земја ја нарекол Појаис, а себеси се прогласил за нејзин принц. За оваа земја никој немал слушнато претходно.

Мекгрегор кога се вратил во Велика Британија, веднаш почнал со кампања, за да привлече голем број вложувачи и колонијалисти во својата земја. Според неговите зборови, овој дел бил поголем од Велс. Тоа било земја на мед и млеко, плодно тло, студени реки, преполни со злати, густи шуми во кои имало многу егзотични плодови.

Освен што земјата ја опишал како дијаметрално спротивна од неговата Шкотска, тој играл и на мошкоста на неговите сонародници, така што објавувал огласи кои ги величеле храбрите и оние кои ќе се осмелеле да тргнат во нови походи. Тврдел дека морал да вложи пари во експедицијата додека стигнат на посакуваното место.

Мекгрегор едноставно бил роден трговец, на своите инвеститори им ветувал рај на земјата и им ја продавал приказната дека ќе биде пример за сите и дека многу е важно што побрзо да реагираат, затоа што во спротивно можат да ја пропушат шансата.
Во случај некој да не му поверувал, Мекгрегор со себе носел и книга за предностите за малата островска нација која наводно ја напишал капетан Томас Стренџвејс, а се работело за неговата посмртница. Исто така печател и лажни пари кои им ги давал на инвеститорите. Тактиката упалила. Мекгрегор собрал 200.000 фунти кеш и речиси 1,3 милиони фунти во обврзници. Денес нивната вредност би изнесувала 3,6 милијарди фунти. На крајот на 1822 година и на почетокот на 1823 година, почнале првите две експедиии кон Појаис, поточно 250 ентузијастични идни населеници. Но, еднаш кога пристигнале, затекнале целосно поинаква состојба од ветената.
На брегот немало населби ниту патишта, земјата била непогодна за обработка, а од рекламата за злато немало ниту трага ниту глас. Набрзо потоа неподготвените Шкоти почнале да умираат еден по друг, се додка преостанатата третина не била спасена од брод кој ги однел во Белизе. Во Велика Британија се вратиле само педесетина од нив.
Тие брзо преку весниците ја објавиле големата измама. Иронично, некои од преживеаните авантуристи и понатаму продолжиле да го бранат Мекгрегор и да ја префрлаат вината на другите организатори на експедицијата.
Мекрегор побегнал во Франција, каде повторно почнал да ја продава истата приказна,
Сепај тамошните власти брзо го прочитале и откриле и за кратко време потоа тој бил затворен. Откако излегол од затвор, Мекгрегор се вратил во Единбург од каде морал брзо да побегне. Се вратил во Средна и Јужна Америка, каде починал во 1845 година. Неговата ветена земја, до ден денес останала непокорена и напуштена дивина.

Ќе ви се допадне