Најверни мажи според хороскопот

Иако голем број мажи не можат да одолеат на искушението да бидат со трета личност додека се во врска, на два хороскопски знака изневерувањето не им паѓа на памет. Астролозите велат дека тоа се мажите родени во знакот на јарец и бик.

Јарец

За јарците, верноста е најважниот сегмент на една врска. Доколку чувствуваат потреба од трето лице додека се во врска, тие многу сериозно преиспитуваат дали навистина го сакаат својот партнер затоа што според нив, тоа не треба да се случи. Многу е ретко кога јарецот ја изневерува својата партнерка; тие повеќе би сакале да ја прекинат врската отколку да живеат во полигамија во тајност.

Бик

Биковите се многу сериозни кога станува збор за врските. Никогаш не влегуваат лесно во нив и откако ќе се сретнат со нивниот идеален партнер, ќе направат се за да ја задржат. За нив, изневерувањето е најлошото нешто што може да се направи на личноста што ја сакаат, па дури и не размислуваат за тоа. Исто така, тие се доста заштитнички кога станува збор за нивните партнери, така што ќе ги одбранат и од туѓи погледи.

Scroll to Top