Во пролетта природата е во фаза на будење, како и нашето тело. Сепак, заморот, психичката и физичката изнемоштеност се многу чести појави во овој период. Еве како да го зајакнете имунитетот…
Состојки:
– Сок од јаболки (како база – домашен свежо цеден)
– 2 лажици чиа семки (потопете ги во сокот од јаболки, оставете ги 10 минути да отстојат, но не фрлајте го сокот)
– Сируп од ѓумбир (наместо него можете да користите свеж ѓумбир и мед)
– Сок од 1 лимета
– 1 јаболко
– Кафеав шеќер (органски)
– неколку листови нане
Подготовка:
Сите состојки, освен чиа семето, ставете ги во блендерот и добро мешајте за смесата да стане хомогена, на крајот додадете го и чиа семето и малку промешајте, внимавајте да не му ја уништите структурата.
Овој напиток е пожелно да го консумирате наутро на празен стомак.