Народни верувања и обичаи за Спасовден

Празникот на Христовото вознесение – Спасовден, е еден од најголемите христијански празници. Се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици ги собрал на едно место, во селото Витанија, па им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила.

Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе” (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе” (Навистина воскресна).

Именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска.

Со празникот Спасовден се поврзани голем број обичаи и верувања од кои поголемиот број имаат претхристијанско потекло. На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името „Свети Спас” и носат разни подароци. Некои за здравје преспиваат под иконата, а други кога ќе се разболат ветуваат дека еден период ќе служат во црквата.

Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат. На овој ден не се спие преку ден, за да не спиете цела година.

На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо пред да се каснат јагоди и тоа наутро. Се верува дека на овој ден не треба да се вкусува ново овошје.

На Спасовден обичај е да се искапете во река, езеро или море. На овој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред

 

Scroll to Top