Неделен хороскоп од 31 јануари до 6 февруари: Девицата да се потпре на својата интуиција, а Шкорпијата да им се препушти на своите чувства

Овен
Можеби сите информации што ги имате не секогаш претставуваат доверливи критериуми, но без големи предизвици, нема поголема деловна афирмација. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси во различни правци.

Поминувате низ фаза на осцилации, склони сте на чести промени во однесувањето или расположението. Понекогаш ви е тешко правилно да го усогласите љубовниот ритам и афинитети во врската со блиска личност.

Бик
На повидок се нови деловни обврски кои бараат дополнителен ангажман или нови дилеми кои што поскоро ќе треба да ги решите многу експедитивно. Навреме побарајте нечиј совет кога правите финансиски проценки и инвестиции.

Имате впечаток дека вашиот партнер вешто прикрива нешто, што дополнително влијае на вашата несигурност или ја зголемува вашата нервоза. Понекогаш можете непотребно да замислувате работи што другите не ги виделе и да ги преувеличувате вашите идеи.

Близнаци
Деловните проблеми со кои моментално се соочувате бараат дополнителен напор или добра концентрација. Нема потреба да реагирате набрзина и да ги преценувате своите можности пред околината. Најдобро е да оставите доверливи луѓе да одлучуваат за некои заеднички интереси.

Добрата љубовна стратегија подразбира и подготвеност постојано да ги надминувате различните ограничувања низ кои поминувате во односот со партнерот.

Рак
Некој ви дава корисни предлози кои лесно можете да ги примените кога решавате сериозни прашања. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси, за најдобро да ги усогласите разликите што постојат во мислењето или искуството.

Моментално ја преиспитувате врската со блиска личност во желба да се разберете што подобро. Имате впечаток дека партнерот ви демантира одредени информации од за вас сосема непознати причини.

Лав
Во договор со вашите соработници, сега можете успешно да решите голем број важни прашања. Продолжете да поттикнувате меѓусебни договори и здружување помеѓу различни луѓе. Погрижете се некој сериозно да ги сфати вашите идеи за финансиските барања што ги имате.

Во врската со љубовниот партнер поминувате низ фаза на промена, но не треба да се откажувате. Важно е да делувате позитивно на светот околу вас и постојано да допирате до саканата личност за заеднички промени.

Девица
Понекогаш треба да ги прифатите најтешките околности за да си докажете себеси и на другите дека сте доволно возрасни за да се соочите со секакви предизвици. Потпрете се на вашата интуиција.

Со блиска личност можете да надминете сè на добар начин, дозволете вистинската доза на мудрост, емоции и страсти да ве доведе до заеднички љубовни решенија.

Вага
Со добра проценка на можностите и правилен избор на соработници, релативно брзо можете да ги постигнете своите цели на деловната сцена. Понекогаш мора да дејствувате енергично или на крајот во друштво на соработници. На вашиот препознатлив начин, знаете како да придобиете симпатии од различни страни.

Кога сте расположени, имате впечаток дека ви стојат на располагање најдобрите можности, а потоа најчесто избирате доминантна улога пред партнерот.

Шкорпија
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат докажаните правила и да се избегне секаков вид на ризик. Одложете некоја напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапките на некои блиски пријатели.

Се наоѓате во фаза на емотивен подем, па врската со партнерот ја доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на вашите чувства.

Стрелец
Активно учествувате во разни преговори и покренувате иницијатива секогаш кога има добри услови за некаков успех или добивка. Не обрнувате многу внимание на нечии коментари, особено кога тие не се во согласност со вашата основна заложба.

Љубовниот партнер има многу инспиративно влијание врз вас и ве наведува да се изразувате послободно. Понекогаш многу лесно можете да се смирите со саканата личност, без посебна приказна или убедување.

Јарец
Вложувате многу труд за да постигнете позитивни резултати во професионалното изразување, но има ненадејни ситуации кои ги нарушуваат вашите планови и бизнис концепт. Треба да се ослободите од дополнителни обврски, немате доволно енергија да се вклучите во неколку забави истовремено.

Склони сте кон чести промени во емоционалното расположение, особено во ситуации кога вашиот партнер изгледа отсутен или незаинтересиран за вашите идеи. Сакате повеќе нежност.

Водолија
Добрите идеи што ги имате бараат и поширока поддршка од онаа во која моментално уживате во кругот на соработниците. Можете да постигнете сè што сакате, но со нечија помош и поддршка. Бидејќи одлично работите во партнерство, обидете се да соберете луѓе од доверба или углед околу себе.

Доволно сте вешти или снаодливи за да ја убедите саканата личност на некои ваши идеи. Нема причина да заминете расположени, на чекор сте до заедничката среќа.

Риби
Се однесувате многу амбициозно пред околината и на сите им давате до знаење дека не сакате никој по ниту една основа да ви се спротивстави. Внимателно проценете ги ситуациите кои бараат некаков ризик или поголема инвестиција.

Потребна ви е семејна хармонија и нечие присуство за да постигнете подобар психолошки баланс и прилив на креативна енергија. Партер лесно може да ве поттикне да реагирате позитивно и да ги изразувате емоциите.

Scroll to Top