Нетфликс снима серија за „Ју-ту“

Сценариото на серијата за легендарниот рок бенд U2 е во рана фаза на развој во Нетфликс, потврдија од „Варајати“ . Точните детали за серијата, се уште се кријат, но во фокусот на серијата ќе биде историјата на бендот.
Абрамс е вклучен како извршниот продуцент на проектот под неговиот банер на Bad Robot, со писателот на „Bohemian Rhapsody“ Ентони Мекартен за да го напише сценариото.  Ворнер Брос, каде што Bad Robot моментално е под обемен севкупен договор,  исто така, е вклучен.

U2 е еден од најпознатите легендарни бендови во историјата и е рангиран меѓу најпродаваните на сите времиња. Ирската група првпат формирана во 1976 година се состои од членовите Пол „Боно“ Хјусон, Адам Клејтон, Дејвид „The Edge“ Еванс и Лери Мулен Џуниор. Тие имаат издадено 14 студиски албуми до денес и освоиле 22 Греми награди. Тие продолжуваат со турнејата, по последната Joshua Tree Tour во 2019 година.

 

Scroll to Top