Exhibitor Relations објави дека најновиот филм за Бетмен со англискиот актер Роберт Патисон, во продукција на Варнер Брос заработи околу 128,5 милиони долари во кината во Северна Америка во текот на викендот, со што стана првиот филм годинава кој надминал 100 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето. Додека во светски рамки, филмот заработи 248,5 милиони долари од 75 пазари.
Суперхеројскиот крими-еп во режија на Мет Ривс доживеа второ највисоко домашно отворање во ерата на пандемијата, зад „Човек пајак: Далеку од дома“, а тоа е воедно и најдоброто меѓународно отворање во екот на пандемијата на Warner Bros, со исклучок на Кина.
Производството на оваа особено мрачна верзија на филмовите за Бетмен чинеше околу 200 милиони долари.