Новиот Супермен е бисексуалец, партнерот има розова коса за да биде поблиску до модерната публика

Американскиот издавач на стрипови „ДЦ комикс“ соопшти дека во петтата епизода од серијата „Супермен: Синот на Кал-Ел“, новиот Супермен, Џонатан Кент (17), син на Кларк Кент и Луис Лејн, ќе почне врска со својот пријател, новинарот Џеј Накамура.

Објавени се и фотографии од петтата епизода од серијата во која Џеј и Џонатан се бакнуваат. Супермен е во неговиот препознатлив костим, а неговиот партнер има розова коса, носи очила и дуксер со качулка.

Целта беше да создадеме нова верзија што ќе биде поблиску до модерната публика. Идејата за замена на Кларк Кент со друг стрејт бел суперхерој изгледаше како пропуштена шанса. Џеј има своја супермоќ. Луис Лејн е неговиот херој. Тој исто така е бегалец од измислениот остров Гамора. Џонатан и тој ќе водат многу битки заедно“, изјави креаторот на серијата, Том Тејлор, за „Њујорк тајмс“.

Нивната врска ќе почне откога Џон ќе доживее нервен и физички слом.

Истополовата врска не е единствената карактеристика што ќе го направи Џонт Кент поинаков Супермен од славниот татко. На почетокот на серијата „Супермен: Синот на Кал-Ел“ во јули, Џон се бори со пожарите предизвикани од климатските промени, ќе спречи масовно пукање во училиште и ќе протестира против депортацијата на бегалците од Метрополис.

Од „Дц комикс“ велат дека Супермен мора да се бори со нови битки и да се соочи со реалните проблеми со кои се соочува светот.

„Отсекогаш велев дека секој заслужува да се најде во своите херои и многу ми е драго што ‘Дц’ и ‘Варнер брос’ ја делат оваа идеја“, вели авторот на серијата додавајќи дека Супермен е симбол за надеж, вистина и правда, кој во денешницата добил уште поголемо значење.

Тој е задоволен од позитивните реакции на публиката.

„Имаше луѓе што се расплакаа кога ја прочитаа оваа вест, како и такви што велат дека не можеле ниту да замислат дека во својот живот ќе видат дека Супермен, најмоќниот стрип-суперхерој, личи на нив“, истакна Тејлор.

Ова не е прв обид да се додаде ЛГБТ-заедницата во светот на стриповите. Во август беше објавено дека Робин во најновата верзија ќе има момче, а „Марвел“ исто така одлучи да го претстави Капетан Америка во геј-светло, додека новата главна sвезда на серијата „Акваман“ ќе биде црн хомосексуалец.

Scroll to Top