Вработените на меѓународниот аеродром на Маврициус пронашле новороденче кое било напуштено и оставено во корпа за ѓубре во авион. Уапсена е 20-годишна жена од Мадагаскар,која е осомничена дека се породила за време на летот.
Авионот на „Ер Маврициус“ слетал на аеродромот на 1 јануари. Тогаш аеродромските служби го пронашле бебето за време на рутинската царинска контрола. Од авионот, бебето веднаш било префрлено во болница, а жената признала дека бебето е нејзино. Таа во прв момент негирала дека се породила во авионот. И таа и бебето се добро, велат од болницата, а полицијата кажа дека дека мајката ќе биде обвинета за напуштање на новороденче.