Многу постудена есен од вообичаено, велат метеоролозите, кои најавуваат дека и во следниот период ќе биде студено, а влажниот бран ќе донесе и снег.
Денеска попладне ќе престанат врнежите и ќе има повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има в четврток кога поради спуштање студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.
В четврток се очекува минимална температура 4 до 10 °C, а максималната ќе биде до 11 °C.
В петок се очекува минимална температура од 3°C, облачно и студено време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.