Од овој викенд, ноќта помеѓу сабота и недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред.
Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето.
Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.