По едногодишна пауза, најголемиот електронски фестивалски бренд на Македонија, „Охрид колинг“, се враќа назад на старото место, касарната во Охрид.
На 31 јули, на првиот фестивалски ден, хедлајнери ќе бидат експлозивните девојки од Nervo.
Nervo е дуо веќе добро познато за армијата на Оhrid Calling, кое настапува во primetime и на фестивали како Tomorrowland, Ultra Music festival и слично.
Пред Nervo настапува диџеј-дуото Vinai прв ат во Македонија, добро познати по хитовите Rise Up, How We Party и други и, секако, со своите спектакуларни диџеј-сетови. Пред Vinai е едно од најголемите регионални и светски диџеј-дуа – Vanillaz, кое ни доаѓа од Словенија, а првата фестивалска вечер ќе ја отвори младата и надежна диџејка JANA SLAYY.
На втората фестивалска вечер на 1 август хедлајнер ќе биде REGARD, во моментот веројатно најактуелниот светски диџеј, чии хитови Ride It, Secrets, You се толку многу заразни за што доказ е фактот дека многу бргу ги покори сите светски топ-листи. Пред него ќе настапат и веројатно најдобрите entertainment-ти во диџеј-индустријата – Dj`s from Mars. Посебната специфика на оваа вечер ја даваат SENIDAH и SARA JO – сигурно едни од најголемите ѕвезди на балканската rnb и трап-сцена, кои првпат доаѓаат во Охрид по настапите на фестивали, како Exit и Sea Dance. Загревањето на оваа вечер ќе му биде доделено на младиот диџеј DELOVSKI.
Последната фестивалска вечер, избрана намерно да биде на 2 Август, на големиот празник Илинден, се потрудивме да биде специјална со after – midnight closing festival set на спектакуларното диџеј-дуо SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO. Пред нив ќе настапи диџеј-дуото OFENBACH, на сите добро познато по своите екстремно големи хитови, како Wasted Love, Be Mine, Paradise и уште многу други. Пред Ofenbach, првата интернационална ѕвезда таа вечер ќе биде хитмејкерот MAHMUT ORHAN, кој на сцената на Ohrid Calling ќе настапи со специјален диџеј-сет. Вечерта ќе ја отвори младиот и надежен диџеј CHRIS J.
Партер дневен билет: 1.000 ДЕНАРИ
Партер тридневен фестивалски билет: 2.000 денари (секој посетител што ќе купи тридневна влезница добива специјална фестивалска белезица)
Фан пит: 1.500 денари (само 500 влезници)
Фан пит тридневен фестивалски билет: 3.000 денари (секој посетител што ќе купи тридневна влезница добива специјална фестивалска белезица)
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда, 7 јули, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.