Основачот на компанијата „Тесла“ и „Спејсикс“, Илон Маск, падна на третото место на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе на светот.
На прво место и понатаму останува основачот на „Амазон“, Џеф Безос, со богаттво од 175 милијарди долари. Маск кој беше на второто место, сега падна едно подоле. Сега втор е Бернар Арно, директорот на компанијата за производство на луксузна роба „Луј Витон Мое Хенеси“, чие богатство се проценува на 154 милијарди долари.
Маск во средата изгуби повеќе од шест милијарди долари и сега нето вредноста на неговиот сметка е проценета на 150 милијарди долари. На четврто место, според листата на „Форбс“ е Бил Гејтс со 122 милијарди долари.