Откажана трката со бикови во Памплона

By

Втора година по ред е откажан традиционалниот летен фестивал „Сан Фермин“, кој се одржува во шпанскиот град Памплона.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Памплона, Енрике Маја, како причини за откажувањето ги наведе короната, стравот од нова инфекција, оптоварувањето на болниците и бавната вакцинација во земјата и светот.

„Фестивалот не може да се организира преку ноќ. Ова е многу тешко. Никогаш не помислив дека ова може да се случи“, изјави Маја пред новинарите.

Фестивалот, кој се одржува во јули, привлекува стотици илјади туристи од целиот свет секоја година. За време на деветте фестивалски дена луѓето се тркаат со бикови на улиците на шпанскиот град Памплона. Трките со бикови се организираат секое утро во 8 часот, а потоа биковите трчаат од шталата до градската арена на 825 метри. Луѓето што учествуваат во таа трка се претежно мажи традиционално облечени во бело, со црвени шалови околу вратот.

Овој настан датира од 16 век во чест на светецот и заштитник на Памплона, свети Фермин. Фестивалот беше овековечен од славниот Ернест Хемингвеј во романот „Сонцето повторно се раѓа“.

Ќе ви се допадне