Палеонтолозите во Перу открија череп на суров морски предатор стар 36 милиони години. Се верува дека тој бил далечен предок на модерните китови и живеел во праисториски океан што покривал делови од денешен Перу.
„Черепот е во одлична состојба, а беше ископан лани во перуанската пустина Окукахе. Тој има низа долги шилести заби и се верува дека бил долг 12 метри“, изјави палеонтологот Родолфо Салас од Националниот универзитет на Сан Маркос.
Научниците сметаат дека древниот цицач бил базилосаурус, чии современи потомци се китови, делфини и морски свињи.
„Тоа било морско чудовиште. Кога барал храна, несомнено правел многу штета“, додаде Салас.
Научниците веруваат дека првите китови еволуирале од цицачи, кои живееле на копно пред 55 милиони години.