Откриена причината за смртта на порноактерката Оливија Нова

Според списанието Radar OnLine, 21-годишната порноактерка Оливија Нова починала од комбинација на алкохол и дрога. Таа беше пронајдена мртва во својот дом во јануари оваа година.

По направената обдукција, полицијата излезе со официјално соопштение дека Оливија имала тешка инфекција на уринарниот тракт, која се проширила до бубрезите и довела до труење на крвта. Во телото биле пронајдени големи количини алкохол и кокаин.

 

Оливија од 12 години се занимавала со манекенство, а минатата година во март влегла во порноиндустријата.

Според пријателите, Оливија неколку месеци била во тешка депресија оти нејзинотоо момче извршило самоубиство лани во април и не можела да се помири со неговата смрт. Таа набргу потоа имала сообраќајна несреќа бидејќи возела пијана.

Scroll to Top