Отпушок од цигара кој Винстон Черчил го фрлил додека бил на патувања во Париз во 1947 година ќе се најде на аукција во британската куќа „Белманс“, која ќе се одржи во период меѓу 28 и 28 јули оваа година. Почетната цена на отпушокот ќе биде 1.200 фунти.
Отпушокот на Черчил го подигнал полицаец кој работел во Скотланд Јард, додека бил на должност.
Покрај него, на истата аукција ќе се најдат и пар сатенски папучи кои и припаѓале на кралицата Елизабета. Папучите се направени кон средината на 19 век и имаат златна лента. Стари се околу 2020 години. Нивната почетна цена е 3.000 фунти.
„Владее голем интерес за предметите кои припаѓале на познати историски личности“, навел Џулија Дин, експерт во аукциската куќа.