Папата им испратил сладолед на 15.000 затвореници

Папата Франциск им испратил 15.000 сладоледи на затвореници во два римски затвори. Од Ватикан велат дека ги испратиле сладоледите во најтоплото лето во историјата на Италија. Тие биле испратени како дел од хуманата акција во затворите во Реџина, Коела и Ребибија.

Сладоледите ги донел полскиот кардинал Конрад Крајевски, човек на папата кој им помага на сиромашните, а инаку е еден од најмладите кардинали кој има 57 години.

Од канцеларијата на Крајевски, велат дека испратена е и медицинска опрема на Мадагаскар, вредна 600.000 долари, како и 2,37 милиони долари помош за обнова на медицински установи во три неименувани афрички држави.

„Ројтерс“ пренесува дека од Канцеларијата ги однела на море во Кастел Гандолф, помала група на бездомници, а потоа и на попладнев одмор и вечера во пицерија. Канцеларијата се активирала и во помагање на сиромашните во Рим, отворајќи амбуланта на плоштадот Свети Петар.

Отвориле и места каде бездомниците можат да се истушираат. Канцеларијата за сиромашни овозможила и бесплатно тестирање на ковид и добивање вакцини проив ковид 19.

 

Scroll to Top