Во низата бизарни работи кои се појавуваат на интернет пазарот, се најде и перницата во облик на задник. Овој предмет стана вистинска сеензација меѓу потрошувачите.
Голем број корисници непрекинато го фалат овој производ ѝ велат дека е претерано удобен. Велат им го подобрил квалитетот на сон. Производот се нарекува Buttress Plillow и е покренат од страна на „Кицкстартер“ кампањата.
Изгледа како задник во кратки бициклистички. Цената е 89 долари по едно парче. Производетелот вели дека совршено може да ја следи линијата на сечии глава и врат, а одличен е и за оние кои сакаат згужвана перница.
„Имав голем број проблеми со болките во вратот поради изборот на погрешна перница. Но, сега со оваа перница сите мои грижи и болки исчезнаа. Удобна е ѝ изгледа убаво“, вели еден од корисниците.
Перницата може да се набави во неколку бои, а може да се нарача во повеќе земји ширум светот.