Петгодишната Кетлин Харди од Калифорнија, успеала да го плати оброкот за 123 ученици од нејзиното основно училиште во градот Виста, пишува „Си-Ен-Ен“.
Таа поставила тезга пред својот дом и почнала да продава какао, колачи и сок од јаболки. Заедно со нејзината мајка успеале да соберат 80 долари и истите да ги донираат во нејзиното школо.
„Почна да ми поставува многу прашања во врска со несреќните деца во школото, кои немале топол оброк. Се обидов да ѝ објаснам дека некои луѓе немаат доволно среќа во животите и дека мораме сите ние да бидеме пољубезни и да се обидеме да помогнеме колку што можеме повеќе“, изјавила мајка Карина Харди.
Кетлин била ученичка во претшколската програма во основното училиште Breeze Hill. Таа кога првпат слушнала за финансиските тешкотии со кои се соочуваат некои од нејзините соученици, изразило желба и надеж дека ќе може некако да помогне.
„Благодарение на Кетлин сега сите се многу горди и среќни. Сега и другите ученици можат да смислат начин како и тие можат да помогнат на другите. Тоа покажува дека еден мал, љубезен чин на петгодишно девојче може да биде голем и да покрене многу нешта“, изјавила директорката на школото, Лори Хигли.
Кетлин вели дека сега нејзина цел ќе биде да собере доволно пари да ги исплати и оброците на учениците од соседните училишта. За таа миcијa Кетлин добила и свој хаштаг #KikisKindnessProject. Други ученици и персоналот на нејзиното школо во сабота ќе отворат голема тезга и ќе продаваат какао и пецива за да соберат што повеќе пари.
Откако сите сметки од училиштата во целиот округ ќе бидат платени, Кетлин со собраните пари ќе ги подржи училишните програми, кои во спротивно, би биле згаснати поради намалениот буџет.
„Смислата на животот е во љубезноста. Посебно за време на празници бидејќи кога ќе земеме предвид сè што се случува во светот потребно ни е малку повеќе љубезност“, рекла Харди.