По 27 години брак и 14 синови, конечно добиле ќерка

Брачна двојка од Мичиген, по 27 години брак и 14 синови, конечно добиле ќерка, пишуваат тамошните медиуми. Станува збор за Катери и Џејн Шванд, кој по речиси три децении се израдувале на нивната ќерка Меги Џејн, која се родила во четвртокот.

Меги во болницата била дочекана од нејзиниот татко и 14 браќа.

„Пресреќни сме што Меги Џејн стана дел од нашето семејство. Оваа година ќе ни остане запаметена до крајот на животот. Меги е најголемиот подарок кој можевме да го добиеме“, изјавил воодушевениот татко Џеј (45), пренесува „Детроит Фри Прес“.

Меги Џејн го добила името по своите родители. Средното име на Катерин е Маргарет, а Џејн е според името на татко ѝ. Двојката веќе ги има Тајлер, Зак, Дру, Брендон, Томи, Вини, Калван, Гејб, Весли, Чарли, Лук, Такер, Франциско и Финли, кој имаат од две па се до 28 години.

„Моите родители се конечно благословени со ќерка, која мислеа дека никогаш нема да ја имаат. Веќе се откажаа. Минаа 12 часа откако тато ни ги пренсе среќните вести, а јас уште не можам да се навикнам на помислата дека имам сестра“, изјавил најстариот син Тајлер.

За мајката Катери, петнаесетте деца не се проблем, затоа што и самата таа има 13 браќа и сестри. Со Џеј се во врска уште од средно школо. Се имаат венчано во 1993 година, а првите три сина ги добиле пред да завршат колеџ.

 

 

Scroll to Top