Сликата „Отело и Дездемона“ од 1911 година на Шагал била украдена пред 30 години од семејниот дом на Ернест и Роуз Хелер во Њујорк. Сликата конечно ќе им биде вратена на сопствениците, јави ФБИ.
Сликата била украдена заедно со десетина други уметнички дела и накит. Вредното дело е пронајдено откако сопственик на галерија во Вашингтон минатата година два пати одбил да ја купи слика. Прво побарал од сопственикот да добие потврда за сопственост од надлежните органи.
Во тој момент се вклучил ФБИ. Човек од Мериленд кој се обидел да ја продаде сликата, ја чувал со години на таван. Сликата ја добил многу брзо откако била украдена од страна на лице осомничено дека го сторил кривичното дело. На сликата која човекот се обидел да ја продаде, и понатаму стоело името на сопственикот Хелер.
Крадците нема да бидат кривично гонети, бидејќи според законите на САД делото застарело.