По две години повторно е отворен карневалот во Венеција

По две години повторно е отворен карневалот во Венеција. Илјадници луѓе уживаа и се забавуваа низ улиците на Италија. Претходните два беа откажани поради пандемиајта со короната, а и оваа година некои од атракциите како парадата ќе бидат откажани за да се спечи ширењето на вирусот.

„Дојдов тука затоа што многу ми недостигаше карневалот и затоа што не можевме да го прославиме веќе две години“, рече за „Ројтерс“, Барбара дел Прато, која во Венеција дошла од Парма. Таа дошла о семејството и сите беа маскирани во ракошни костими.

Како што пренесува агенцијата „АНСА“, околу 50.000 луѓе пристигнале во Венеција за да учествуваат во прославата. За потсетување, венецијанскиот карневал во 2020  беше прекинат кога изби пандемијата во Италија, а владата го откажа и следната година.

Стапката на нови заразени и хоспитализации во Италија постепено опадна во последните неколку недели, па владата оваа недела ја укина мерката за задолжително носење на маски на отворено.

 

Scroll to Top