Најпознатата австралиска модна дизајнерка Карла Зампати почина на 78-годишна возраст по сериозниот пад во опера.
Гардијан пренесува дека Карла Зампати била хоспитализирана откако паднала на скалите во Сиднејската опера, каде присуствувала на премиерата на операта „Травијата“, а по седум дена починала во болницата.
Познатата дизајнерка е родена во Италија во 1942 година, емигрирала во Австралија во 1950 година, а својот моден бренд го лансирала 15 години подоцна.
Британскиот весник наведува дека нејзините креации ги носеле некои од највлијателните жени во Австралија, вклучително и принцезата Мери од Данска, поранешната австралиска премиерка Џулија Гилард, актерката Никол Кидман и премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџикилијан.