На плажата „Акапулко“ во Охрид вчера во водата во езерото туристи нашле венчален прстен. На него е изгравирано „Mоника+Дејан 28.07 1998”. По објавата на социјалните мрежи, се јави сопственикот на венчалниот прстен, Дејан, кој раскажа дека бурмата ја изгубил пред пет години на истото место каде што сега ја нашле.
„Минатиот месец со Моника прославивме 20 години брак во кој имаме две деца. Сега тука е и венчалниот прстен“, кажал Дејан.