Вчера, на 22 февруари, 2022 во 2.22 часот наутро во родилната соба 2 се роди Јуда Грејс од Северна Каролина. Таа е вистинско чудо за родителите, бидејќи долго време ја посакувале. Нејзината мајка Аберли боледувала од Хоџкинг лимфом, па терапиите во голема мера ја намалиле можноста да има деца, пренесува „Пипл“.
Членови на семејството изјавија дека Аберли се борела со ракот шест години, сè до 2020 година.
„Јуда е потсетник на сите добри работи“, вели бабата на бебето.
„Денеска е дополнително посебен ден за ова новороденче и нејзиното семејство. Јуда Грејс е родена на 22 февруари 2022 година. во 2.22 во родилна соба 2. Таа одговори на молитвите на нејзиното семејство. Мајката Аберли го преживеала Хочкиновиот лимфом, но поради терапии се намалиле шансите да забремени. Но, семејството продолжило да се моли за детето, а денес нивните молитви се услишени! Јуда Грејс е благослов за своето семејство“, велат од болницата на социјалните мрежи.