Почина 14-годишен фудбалер на Атлетико Мадрид

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид соопшти дека денес починал играчот од младинската школа на клубот, 14-годишниот Кристијан Минчола Санчез. Атлетико не ја откри причината за смртта на Кристијан, кој бил член на клупската академија од 2013 година.

„Шокирани сме од тажната вест, длабоко жалиме за нашиот член. Атлетико Мадрид ќе му биде поддршка на семејството на Кристијан во овие болни моменти“, рекол претседателот на клубот, Енрике Серезо.

Поради смртта на момчето, кое е родено на 19 февруари 2006 година, Атлетико знамињата ги спушти на половина копје.

Scroll to Top