Почина Лук Монтание, човекот кој го откри вирусот ХИВ

Францускиот научник и професор кој го откри вирусот ХИВ, Лук Монтание, почина на 89 години. Тој за својата работа во 2008 година доби Нобелова награда. Веста ја пренесоа неговите деца кои беа со него во последните моменти.

Професорот се прослави кога со неговиот тим во 1983 година на Институтот Пастер откри за тогаш непознатиот вирус. Француските и американските научници потоа го анализираа истиот и му го дадоа името ХИВ-вирус, хумана имунодефициенција кој предизвикува сида.

Монтание беше основач и на Светската фондација за истражување и превенција на AIDS, добитник на повеќе од 20 награди и почесни титули, вклучувајќи го и признанието Легија на честа.

 

На крајот од кариерата не беше омилен во професионалните кругови, затоа што ги поддржуваше хемеопатските лекови и промовираше ферментирана папаја како наводен лек за Паркинсоновата болест. Тој, исто така, се спротивстави на вакцините, нешто што го потврди за време на пандемијата на коронавирус. Веруваше дека Ковид-9 е направен во лабораторија во Вухан, Кина.

И покрај сеот ова, Монтание ќе остане запаметен како еден од клучните луѓе кои се заслужни што ХИВ повеќе не е смртна пресуда за луѓето, туку болет која може да се победи.

Scroll to Top