Почина Питер Витингем, легендарниот фудбалер на Кардиф

Поранешниот младински репрезентативец на Англија, Питер Витингем, почина откако се здобил со повреди на главата. Фудбалерот на 7 март имал несреќа во бар во Кардиф, а по 12 дена лекарите констатирале смрт. Смртта на Витингем ја потврди екипата на „Кардиф“ на клупскиот сајт.

Питер Витингем играше 17 меча за младинската репрезентација на Англија и беше голем талент во младинската школа на „Астон Вила“. Настапуваше за „Барли“ и „Дерби каунти“, па во „Кардиф“. За овој клуб играше над 450 натпревари, играше во една сезона во Премиер лигата, а потоа се пензионираше во „Блекбурн“.

Миленикот на навивачите на „Кардиф“ и легенда во Чемпионшип, почина на 35-годишна возраст, само една и пол година откако го раскина договорот со „Блекбурн“.

Scroll to Top