Зимското сметање на времето годинава почнува на 31 октомври (недела) во 3 часот по полноќ со поместување на времето за еден час наназад. Така, времето во 3 ќе се смета како 2 часот, изјави портпаролот на Еврокомисиијата Стефан Де Кирсмакер и откри дека и понатаму ќе продолжи летното и зимско сметање на времето.
Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер предложи во цела Европска Унија да се унифицира едно време. Секоја земја сама требаше да одлучи дали ќе функционира само по летно или само по зимско време.
Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но не го усвоија земјите-членки.
Европските министри за транспорт во декември 2018 година одлучија да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на стрелката на часовникот до 2021 година, но тоа ќе продолжи и во иднина.