Полицијата апелира до граѓаните да не палат оган на отворено и да не оставаат отпад на јавна површина по првомајскиот пикник, оти ќе казнуваат. Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.
Ова се однесува на сите граѓани кои празникот ќе го прослават на излетничките места во земјава. Ќе се преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, а полициски екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини низ цела Македонија.