Неименуван возач од Полска, во близина на градот Вирзиск, минатиот петок со своето Ferrari 488 Pista слета од патот и се провлече под заштитната ограда крај автопатот. За среќа, несреќата поминала без поврдени, но со огромна материјална штета. Уништени се предниот и задниот дел, покривот и двете страни, пренесуваат полските медиуми.
Тие наведуваат дека во моментот на несреќата врнело дожд, патот бил лизгав, а температурата била блиску до нулата.
За потсетување, Ferrari 488 Pista го придвижува 3,9-литарски V8 мотор кој произведува 720 КС, што му овозможува на овој модел да забрза до 100 km/h за само 2,85 секунди. Максималната брзина е 340 km/h, а нов таков суперавтомобил чини околу 300.000 долари.