На 24 јуни доаѓа полната Месечина во Јарец. Полната Месечина ќе биде во секстил со Јупитер, планетата на среќата, изобилството и благосостојбата. Овој магичен спој со лунарната енергија прави полната Месечина во јуни да биде вистински симбол на среќа, великодушност и оптимизам.
Нè очекува одличен период кога ќе успееме да ги залечиме раните од минатото, да заборавиме на лошите спомени и да погледнеме напред кон иднината. Со оглед на тоа дека таа ќе биде во Јарец, тоа значи дека ни доаѓа еден многу позитивен аспект, кој ќе ни помогне да ги надминеме сите проблеми. Ќе имаме практичен пристап, ќе бидеме темелни и ќе успееме да победиме во секоја ситуација.
Главниот фокус ќе биде насочен кон домот, семејството и односите со другите луѓе. Доаѓаат и нови пријателства со луѓе со кои ќе се поврземе силно, а на работа ни доаѓа професионален напредок. Ова е момент кога многу наши соништа ќе се исполнат.