Поранешниот министер за култура на Србија, Предраг Марковиќ (67) и неговата сопруга Весна (31) го чекаат своето прво дете. Веста за бременоста ја објави Весна, која сподели слика на која се гледа трудничкиот стомак, па напиша „Стигна пролетта“.
Предраг и Весна во 2015 година се венчаа тајно. Тие беа во центарот на вниманието на јавноста откако се дозна за нивната врска неколку години претходно. Откако се венчаа, Весна во една прилика раскажа детали за нивната љубов, па кажа дека иако се во брак, тие сѐ уште си персираат.
„Бев изненадена од тоа колку лесно сите го прифаќаат фактот дека ние двајца, сѐ уште си персираме. Луѓето знаат дека Предраг е на Вие со сите, освен со оние што ги знае повеќе од 30 години и оние што воопшто не ги почитува. Во нашиот брак тоа персирање има дополнителен шарм, но тоа е наша приватна работа“, рече таа за „Курир“.
Весна откри и дека таа му предложила брак на Предраг.
„Го побарав за маж на неговиот 60 роденден, по полноќ. И иако неговите очи и насмевка зборуваа јасно, тој ми одговори дури наутро. Ако ме прашате зошто јас го запросив него, а не тој мене, по природа сум таква што знам што сакам и секогаш се борам за она што ми е важно. Кога станува збор за Предраг, по нашата прва средба, на која задоцнив 40 минути, тој како и секогаш ме поздрави со џентлменска насмевка и од обичен муабет се претвори во судбоносна средба, па знаев дека тој е оној со кој јас би можела да го живеам својот живот и да делам и добро и зло“, додала таа.