Американскиот претседател Доналд Трамп на сите начини се труди да си го подобри својот имиџ во јавноста, поради што голем број на луѓе, кои биле на неговата инаугурација ги споредувал со некои претходни, се фалел со големината на својот нуклеарен домет, но се обидел и да го поништи секој аспект на неговиот наследник Барак Обама.
Неговиот потпис повторно се најде во центарот на вниманието, откако во четвртокот му испратил писмо на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, поради откажувањето на самитот на двајцата лидери. На крајот на писмото го ставил својот огромен препознатлив потпис.
Доналд Трамп во четвртокот го откажал самитот со Ким Џонг Ун, кој требало да се одржи на 12 јуни во Сингапур. Лидерот на Северна Кореја му испратил писмо во кое истакнал дека ваквата одлука ја донел поради огромниот бес и отворено непријателство, е наведено во севернокорејската изјава.
На крајот на писмото ставил свој препознатлив, огромен потпис, кој се одвојува од текстот.
Трамп пред неколку недели објавил дека САД излегува од нуклеарниот договор со Иран, кој го потпишал неговиот претходник. Трамп на идентичен начин го потпишал и претседателскиот меморандум за нуклеарен договор со Иран, а неговиот потпис тогаш на сите им западнал во очи.
Како што пренесува Метро, огромниот и изобличен потпис на Трамп, открива многу за неговиот карактер.
За неговиот потпис се развила полемика на социјалните мрежи, а креаторката на книгата за Хари Потер, Џоана К. Роулинг верува дека открила зошто потписот на Трамп е таков каков што е.
Таа твитнала дека не верувала во графологијата до пред три минути, откако ја прочитала анализата на големиот ракопис.
„Од негативната страна, големиот ракопис значи дека пред нас имаме арогантна, вообразена, студена личност, која треба да покаже признание за тиранска тенденција, егзибионистичка и лажна личност, која нема критичка смисла“, напишалаа таа на својот Твитер.
Таа понатаму навела дека несигурноста, инфериорноста и комплексот на недостаток од самопочит може да се надокнади со голем ракопис.
„Кога потписот е поголем од текстот, тој прикажува гордост, свест за самопочит и покажува дека поединецот има повеќе амбиции отколку реална можност“, навела таа во анализата на крупниот ракопис.
Од друга позитивна страна, големиот ракопис значи дека личноста е вешта во комуникацијата, дека е екстровертна со физичка динамика и друштвено витална, како и дека е великодушна.