Повеќе од 20.000 жени се јавиле на огласот кој го објавил јапонскиот милијадер Јусаку Маезав, во кој бара девојка за друштво на пат за Месечината. Маезав ќе биде првиот приватен патник на бродот „Старшип“, изграден од компанијата SpaceX на Елон Маск, со кој ќе патува на Месечината.
Тој сегеа бара партнерка која ќе му прави друштво. Јапонецот е основач на интернет страницата Zozotown, направена за облека, а партнерството со директорот на компанијата SpaceX на Елон Маск го најави уште во 2018 година. Се работи за мисија на пат за Месечината.
Маезав купил шест од осумте седиште во „Старшип“. Тој планира со себе да понесе неколку избрани уметници. Лансирањето е планирано за во 2023 година, а како што стојат работите, едно место ќе биде загарантирано за неговата идна партнерка. НАСА исто така планира мисија на Месечината, со името „Артемис“, во која жена астронаут во 2024 година, ќе зачекори на лунарната површина.