Како и сите останати членови од британското кралско семејство, и кралските деца мораат да се придружуваат до одредени правила и протоколи. Тие мора да следат разни формалности дури и од раното детство.
1. Мора да ѝ се поклонат на кралицата. Кралскиот протокол наложува дека жените во кралското семејство мора да ѝ се поклонат на кралицата кога ќе ја видат првпат тој ден, секој ден. Бидејќи принцезата Шарлот ѝ се поклони на кралицата минатиот Божиќ, се чини дека оваа формалност важи и за најмладите членови.
2. Мора да поминат тренинг за убаво однесување. Тренингот започнува штом се доволно стари за да можат да седат на маса. Децата се одгледани со формални прозивки, на формалните настани, почнувајќи од начинот на зборување и соодветното облекување, па сè до правилното поклонување.
3. Обично учат друг јазик. Повеќето припадници на кралското семејство како деца учеле друг јазик – кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Вилијамс течно говорат француски јазик. Традицијата и понатаму се почитува, војвотката Кејт почна да го подучува принцот Џорџ шпански уште кога имаше само две години.
4. Децата треба да носат кратки пантолони. Постојат неколку модни рестрикции спрема кои кралските деца мора да се придржуваат, а една од најчудните можеби е онаа што на малите момчиња во јавност им е дозволено да носат само кратки пантолони. Се смета дека тоа е најпримерно за момчињата со сина крв затоа што долгите пантолони ги носат момчињата од средната класа.
5. Девојчињата смеат да носат само фустани. Здолниште и пантолони нема во плакарите на кралските девојчиња, па тие носат само одредени класични кроеви на фустани. Оваа традиција потекнува уште во времето кога ќерката на принцезата Ана била мала.
6. Не јадат готова храна за бебиња. Тоа значи дека не јадат никаква храна од тегла, односно веќе подготвена за бебе, туку целата храна им ја подготвува приватен готвач. Првите оброци на кралските деца обично се каши од јаболко и крушки готвени на пареа.
7. Не смеат да играат Монопол. Оваа игра станала забранета во кралската палата затоа што во минатото некои членови поради неа станале премногу компетитивни.
8. Смеат да прифаќаат дарови. Како и сите останати членови на кралското семејство, така и кралските деца секогаш мора да ги прифаќаат даровите кои ги добиваат од луѓето.
9. Обично истите тие дарови не ги задржуваат. Од играчка до букет цвеќиња, кралските деца често се преплавени со подароци каде и да се појават на јавни случувања. Сепак, според кралскиот протокол, кралицата одлучува кои дарови смеат да бидат задржани.
10. Не смеат да носат црна облека на дневни настани. Во кралското семејство, црната боја е резервирана за жалење, па на неговите членови им е забрането да носат црно на дневните настани. Една отстапка се случи кога принцот Џорџ носеше црн костум на венчавката на својот чичко, принцот Хари.
11. Секогаш мора да имаат црн аутфит при рака. Сите припадници на кралското семејство мора на патувањата да носат црн аутфит во случај некој неочекувано да умре додека се на пат. Кралицата Елизабета го вовела овој протокол по смртта на нејзиниот татко додека била во Африка, а со себе не носеле црна облека.
12. Мора да бидат малку поголеми за да одат на божиќната миса. Тек кога малку ќе пораснат, дозволено им е со возрасните да одат на божиќна миса. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот прв пат отидоа во 2019 година.
13. На божиќниот ручек седат на посебна маса во посебна просторија. Кралските деца го поминуваат Божиќ во Сандрингам со остатокот од семејството за ручек, кој е организиран од страна на кралицата, но не седат на иста маса како возрасните, дури ни во истата соба.
14. На самиот Божиќ не смеат да отвораат подароци. Британското кралско семејство го следи германскиот обичај за отворање на подароците на Бадник. На Божиќ традиционално заминуваат на миса во црквата Света Марија Магдалена, а потоа на семеен ручек.
15. Додека не се омажат, дури ни во детството, девојчињата не смеат да носат тијари. Тијарата се синоним за принцези и жени со сина крв, но тие се резервирани исклучиво за оние мажените.