Пред 88 години Уругвај и Аргентина го одиграа првото финале на мундијалите

На 30 јули 1930 година одиграно е првото финале во историјата на Светското фудбалско првенство. Мечот се играл во уругвајската престолнина Монтевидео, на стадионот Сентенарио, пред 68 346 гледачи. Уругвај во полуфиналето ја победи Југославија, а Аргентина славеше против САД.

И двете полуфиналиња завршија со идентичен резултат, 6-1. Многумина сметаат дека судијата од Бразил направил многу грешки за време на мечот меѓу Уругвај и Југославија. На домаќините им призна два нерегуларни погодоци.

Ова финале било еден вид реванш на финалето на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри во Амстердам, кои Уругвајците го решиле во своја корист. Постојат само две мундијалски финалиња кои не се играле во недела. Ова било едно од нив. Покрај првото финале, кое се играло во среда, второто финале се играло во Англија 1966 година во сабота.

Портите биле отворени шест часа порано. Два часа пред мечот стадионот бил преполн. Стручните штабови на репрезентациите не можеле да се договорат кој да ја обезбеди официјалната топка со која ќе се игра мечот. ФИФА на крајот пресече, првото полувреме да се игра со топка од Аргентина, а второто со топка од Уругвај.

Откако белгискиот судија Јоаханес Лангенус дал знак за почеток на мечот, Уругвај дошол во водство во 12. минута со голот на Пабло Дорада. Аргентина изедначила преку Карлос Пеусеље во 20. минута. Гиљермо Стабиле ги довел „гаучосите“ во водство во 37. минута. Со тој резултат двете репрезентации заминале на одмор.

Уругвај со својата топка изедначи преку Педро Си во 57. минута. Потоа стигна во предност во 68. минута преку Сантос Иријартеа. Во 89. минута Ектор Кастра ги поставил конечните 4:2.

Утредента уругвајската влада прогласила државен празник. Во Буенос Аирес бесна толпа граѓани ја каменувала зградата каде што била сместена уругвајската делегација.

Последниот жив фудбалер од тој меч бил аргентинскиот напаѓач Франциско Вараљо, кој почина на 30 август 2010 година.

Во видеото направено во тој период речиси не може да се забележи ништо. Половина од работите не се гледаат затоа што тогашните сниматели не знаеле што треба да прават. Требало да минат децении па генерации телевизиски режисери и камермани да развијат валиден систем.

 

 

 

Scroll to Top