Претставниците на Исланд во изолација, нема да пеат во живо на Евросонг

Исландската телевизија РУВ објави дека еден член на групата Daði og Gagnamagnið, која ја претставува земјата на годинашната Евровизија, е позитивен на Ковид-19 и тие нема да настапат во живо, туку ќе се прикажува снимка од една од нивните проби.

Ова е втор случај со корона во делегацијата на Исланд, откако претходно уште еден член на тимот беше тестиран позитивен. Оттогаш Исланд е во изолација, а тие не се појавија ни на отворањето на Евросонг на тиркизниот тепих.

Иако важат за едни од фаворитите за победа на Евровизија, Исланд не пееја на генералната проба на второто полуфинале, кога гласаше жирито, туку беше пуштена снимка од една од нивните проби. Тие нема да пеат ни вечерва во живо, а на телевизискиот пренос ќе биде пуштена истата снимка од пробата. Ако влезат во финале, ни тогаш нема да настапат на сцената во арената „Ахој“ во Ротердам и повторно ќе биде пуштена снимката.

Исланд вечерва настапува осми со песната „10 години“.

 

 

Scroll to Top