Со помош на нови техники за дигитална обработка на фотографии, експертите успеаја да прочитаат две скриени страници од дневникот на Ана Франк. На страниците откриле дека се испишани непристојни шеги и објаснувања за сексот и проституцијата. Ана овие две страници од својот дневник ги прекрило со кафеава заштитна хартија, пренесува „Би-би-си“.
„Ќе ја искористам оваа страница за да напишам непристојни шеги“, напишала Ана на 28 септември 1942 година и испишала четири такви шеги.
Освен тоа, пишувала и за сексуалното образование, а ги споменала и проститутките наведувајќи дека за нив чула од својот татко.