Првпат по Втората светска војна е одложен Вимблдон

Најголемиот тениски турнир на трева, Вимблдон, е откажан. Ова е првпат тој да не се одигра по Втората светска војна. Вимблдон требаше да се игра од 29 јуни до 12 јули, а денеска и официјално е откажан поради состојбата со коронавирусот.

На вонредната седница на организацискиот комитет беше донесена одлука следниот турнир да се игра во 2021 година.

Со оглед на фактот дека сезоната на играње на мечеви на тревната подлога трае само шест недели, а тоа е период во кој светот се уште ќе се соочува со пандемијата донесена е одлука турнирот да се откаже бидејќи нема можност тој да се одржи во некој друг период од годината.

Scroll to Top