Работи што носат кавги и сиромаштија во домот според фенг шуи

Според упатствата на Фенг шуи и народните верувања, подобро е да ги исфрлите овие работи од дома. Наводно, тие носат несреќа или чуваат лоша енергија во домот

Особено овие седум работи се сметаат за доста лоши, бидејќи можат да донесат расправии и сиромаштија.

Скршен часовник

Според Фенг Шуи, скршените работи треба да се исфрлат од куќата, особено скршените часовници. Тие наводно укажуваат на немили настани во иднина.

Црна врата

Кинеското верување вели дека црните врати предизвикуваат лоша среќа во вашиот дом, но не и ако се свртени кон север.

Стар календар

Доколку не сте ја превртеле страницата кон тековниот месец или печатот на датумот е на погрешно место, тоа не е добро, вели едно старо суеверие. Календарот е симбол за минување на времето, и ако го користите на погрешен начин, наводно може негативно да влијае и врз вашиот живот.

Скршени садови

Според кинеското верување, јадењата го симболизираат богатството и семејството. Ако јадете од скршени чинии, вие потсвесно повикувате проблеми во вашиот живот. Затоа, штом нешто се скрши, фрлете го веднаш.

Кактуси и растенија со трње (освен рози)

Тие внесуваат негативна енергија во домот.

Мртви растенија

Исто како и вештачкото цвеќе, се смета дека носи лоша среќа, па според Фенг шуи, треба да се исфрли од куќата што е можно поскоро.

Бршлен

Постои старо верување кое вели дека отровниот бршлен кој ползи низ куќата носи несреќа.

Scroll to Top