Нови банкноти од 10 и 50 денари во промет од 15 мај. Книжните пари од овие апоени кои сега се користат повеќе нема да важат. Ќе бидат заменети за нови изработени од полимер.
Монетите пак од 10 и 50 денари остануваат и натаму во промет.
Советот на НБРМ донесе Одлука со која од 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари.
Кога ќе бидат пуштени новите пари, сегашните книжни банкноти престануваат да бидат законско средство за плаќање. Правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги замената со други книжни или ковани пари со еквивалемтен износ. Замената од 15 мај годинава до 15 мај 2019 ќе ја вршат деловните банки во земјава, а по овој период тоа ќе се прави во Народната банка се вели во соопштението од НБРМ.
Старите книжни банкноти од 10 и 50 денари беа пуштени во промет во септември 1996 година.
Народната банка донесе и одлуки со кои се унапредува и начинот со кои НБРМ врши супервизија на банките во земјава како и надзорот на работењето на лицата кои се поврзани со деловните банки.
Пред две години НБРМ одлучи од промет да ја повлече и банкнотата од 5.000 денари, а во оптек да пушти нови пари од 200 и 2000 денари.
Одлуката беше донесена врз основа ан анализа која покажа дека голем дел од граѓаните ваквата банкнота не ја употребуваа поради високата номинална вредност.